Oasis, британскиот бенд што се врати на сцената оваа година, во 2009 година го сруши рекордот за сеизмички најактивен концерт во Единбург, градот каде што ќе одржат нови концерти овој викенд, според анализата на Британскиот геолошки завод (BGS).
Концертот на браќата Галагер на Марејфилд „ја потресе“ земјата најмногу од сите концерти на тој стадион во шкотската престолнина во последните дваесет години, пренесе dpa.
Со тоа, Oasis ги надминаа Red Hot Chilli Peppers од јуни 2004 година, Kings of Leon од 2011 година и Тејлор Свифт минатата година, објави BGS, кој ги мери сеизмичките податоци на тие концерти преку станица оддалечена четири километри.
Настапот на Oasis беше сеизмички двојно помоќен од Red Hot Chilli Peppers, кои се на второто место, пишува dpa.
Рангирањето беше објавено пред повратните концерти на Oasis во Единбург овој викенд – потенцијални нови рекордни „тресења“. Податоците што ги мери BGS не се однесуваат на јачината на музиката или публиката, туку на движењата на фановите кои скокаат и танцуваат на музиката.
На концертот во 2009 година, најсилната сеизмичка активност беше во моментот кога Oasis излегоа на сцената и ја изведоа песната „Rock ‘N’ Roll Star“.