Објавен ценовникот од сплавот „Фристајлер“: Сепаре и до 2.400 евра, а трипати повеќе луѓе од дозволеното

од Nikola Popovski
249 прегледи

По новогодишната катастрофа на белградскиот сплав „Фристајлер“, кога ненадејно потона поради големото преоптоварување, гостите потврдија дека не им било обезбедена сигурност на објектот, а потрошиле многу пари. Според рекламата за дочекот на Новата 2023 година во овој клуб, цената на билетот за ноќ се движела од 27 па се до неверојатни 1.000 евра, колку што изнесувала доплатата за таканареченото „сепаре Фристајлер“ со 6 премиум шишиња пијалоци по ваш избор.

Сега на социјалните мрежи се појави комплетниот ценовник.

Само влезот на забавата чинел 20 евра, резервацијата на бар-маса за пет лица, која вклучува едно шише домашен пијалак чинело 230 евра, мало сепаре за осум лица и премиум шише 600 евра, ВИП сепаре за 12 луѓе, 1 шише премиум алкохол и 2 шишиња шампањ чинело 1.100 евра, ултра ВИП сепаре било 1.600 евра за 15 лица, а мега ВИП сепаре било 2.400 евра, при што во цената биле вклучени 2 шишиња премиум пијалоци и две шишиња шампањ Dom Perignon.

По инцидентот, многу гости биле разочарани од услугата, но се среќни што излегле живи. Еден млад човек кој бил за новогодишната ноќ го опишал моментот кога сплавот почнал да тоне:

„Никој не знаеше што се случува. Тоа беше прашање на секунди. Видов двајца како трчаат надвор, им реков на другарите да трчаме. На подот насекаде имаше стакло, девојките ги соблекоа чевлите и трчаа боси. Водата полека надојде, во еден момент последната група луѓе веќе беше до колена. Луѓето излегоа мокри и исечени“, сведочел тој, објавија српските медиуми.

„Можевме да загинеме, а дадовме многу пари, верувајте ми. Како што вели, сето ова било, во најмала рака, голема грешка.

„Дадовме многу пари за забавата што пропадна, но добро е што спасивме животи! Ни недостасуваат документи, пари, целата чанта на нашиот пријател остана на маса, останавме без јакни, а верувајте дадовме многу пари“, рекол тој.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ вчера информира дека на сплавот се качиле два до три пати повеќе луѓе од дозволеното и дека понтоните што биле додадени на сплавот не биле со иста издржливост како претходните.

Фото: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ

Слични содржини