На официјалниот Инстаграм профил на неодамна починатиот музичар Масимо Савиќ објавена е пораката што тој ѝ ја оставил на својата публика.
Како што се наведува во објавата, Масимо ја снимил пораката само три дена пред да почине од тешката болест.
„Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите“, рече Масимо.
Во објавата на Инстаграм се вели: „Тие мисли се дел од последната порака до публиката снимена од нашиот Макс, три дена пред неговото заминување. Сакаше да ви го честита Божиќ и да ви ги испрати сите најдобри желби за новата година. Твоите мисли, зборови и глас. Неизмерно ни недостасувате сите, наш најмил Макс. На ФБ споделивме линк до емисијата „Music Pub“ на Златко Туркаљ наречена „In memoriam Massimo Savić“, каде што можете да ја слушнете таа порака“.
View this post on Instagram
Снимката од емисијата можете да ја слушнете на овој линк.
Масимо Савиќ почина на 23 декември на 61-годишна возраст.
Пред два дена, на 31 декември, неговата ќерка Мирна, заедно со заедничка фотографија на својот Фејсбук профил објави дека тој ден требала да се омажи.
„Денеска требаше да стоиме тројцата вака, гушнати, но пред матично. Тато планираше да не изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка“, навела Мирна.