Објавено кога и каде ќе се одржи следниот самит на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Лидерите на земјите членки на НАТО ќе се соберат на следниот самит во Вилнус, Литванија, на 11 и 12 јули следната година, соопшти денеска Алијансата.

„Средбата ќе биде можност лидерите да се договорат за понатамошни чекори за зајакнување на нашето одвраќање и одбрана и да размислат за значително зголемување на трошоците за одбрана, како и да ја продолжиме нашата поддршка за Украина“, рече во изјавата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесе „Ројтерс“.

Лидерите на земјите членки на НАТО последен пат се сретнаа во Мадрид во јуни.