Американскиот претседател Барак Обама вчера разговарал со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган за продлабочување на соработката во борбата против групата Исламска држава, соопшти ТАСС.
Двајцата претседатели планираат да го засилат воениот притисок врз Исламска држава, како и да ја зацврстат умерената опозиција во Сирија, со цел да создадат услови за решавање на конфликтот преку преговори, што го вклучуваат и политичкиот преод во земјата.
Обама уште еднаш ги осудил терористичките атентати во Анкара, извршени на 10 октомври, а во кои загинаа 97 лица.
Американскиот претседател ја изразил и солидарноста на Вашингтон со Анкара во однос на безбедносните закани.
Обама и Ердоган, исто така, се согласиле дека е неопходно итно да се прекинат акциите на Курдската работничка партија (ПКК) во Турција.
Претходно Анкара се пожали дека оружејото што САД ги испраќа во Сирија може да дојде до рацете на ПКК и да биде искористено против Турција.