Обама ќе ги “среди” Саудијците, или ќе му ги остави на Путин да ги “реши”!?

од desk3
75 прегледи

Со децении меѓу Вашингтон и Ријад постоеше разбирање. Денес сепак односите им се силно затегнати. Дали посетата на Обама во Саудиска Арабија ќе успее да ги подобри? Или поточно ќе ги влоши?-анализира DW.

0,,19200873_303,00

Барак Обама го прашал својот добар политички пријател, премиерот на Австралија Малком Турнбул, што мисли за тоа дека Саудиска Арабија и некои други земји од Персискиот Залив се обидуваат да наметнат и во други области на светот (на пример, во Индонезија) построга форма на исламот . “Но не беа ли Саудијците ваши пријатели?”, прашал за возврат Турнбул. “Заборави, многу е комплицирано”, одговорил му Обама.

Оваа анегдота, објавена во американското списание “The Atlantic”, зборува елоквентно за тоа дека во односите меѓу САД и Саудиска Арабија настапила промена. Тивко разбирање, кое ги означуваше врските меѓу Вашингтон и Ријад со децении, денес отстапи место на недовербата и резервите.
Се започна на 11 септември
Промената во однесувањето кон Саудиска Арабија води потекло од нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Од вкупно 19 бомбаши кои учествувале во нападите, 15 беа саудиски државјани. Оттогаш Вашингтон гледа повеќе критично кон вахабизмот – државната религија во Саудиска Арабија. Фундаментализмот на вахабистичките теолози се доближува до екстремизмот на сунитските џихадисти. Многумина дури сметаат дека тие се сродни.

Од пред неколку недели во САД широко се дискутира еден необјавен досега дополнителен протокол од работата на истражната комисија за нападите од 11 септември. “Во однос на Саудиска Арабија сигурно ние не ги изминавме сите можни патишта”, изјави во емисијата “60 минути” поранешниот сенатор Боб Кери, кој тогаш беше член на истражувачкиот тим.

Медведев: Жал ми е за Европа

 

Саудиска Арабија пак подолго време се обидува залудно да се здобие со тајниот извештај. “Ако не обвинуваат за нешто, сакаме да можеме да се заштитиме. Бидејќи сме убедени дека сите обвинувања се неосновани”, изјави уште во 2003 тогашниот министер за надворешни работи на Саудиска Арабија Сауд ал-Фејсал. И до денес Саудијците не успеале да се здобијат со тајниот документ.

Саудијците се чувствуваат напуштени
Дури и само поради терористичките напади од 11 септември посетата на претседателот Обама во Саудиска Арабија, која започнува денеска, нема да е воопшто пријатна. Уште повеќе, што има и други околности кои ги оптоваруваат билатералните односи. “Саудиска Арабија се чувствува напуштена од САД”, вели за ДВ блискоисточниот експерт од Германското друштво за надворешна политика Себастијан Зонс и прецизира дека го има предвид склучениот нуклеарнен договор со Иран – најголемиот противник на Саудиска Арабија. “Сигурно значење има и тоа што САД не обезбедија доволно поддршка за саудиската воена операција во Јемен. Освен тоа Вашингтон и Ријад имаат разлики во однос на Сирија – додека Саудијците бараат соборување на претседателот Асад, Американците досега беа прилично резервирани за ова прашање “, посочува Зонс.

Саудиска Арабија би сакала да види повторно засилен ангажман на САД, уверува експертот. “Не смееме да заборавиме дека фракингот во Америка ја уништува водечката позиција на Саудиска Арабија на нафтениот пазар. Од таа причина Ријад има интерес да се одржи ниска цената на нафтата”, вели Зонс.

0,,19116231_401,00

“Интересите на САД и Саудиска Арабија во моментов се дијаметрално спротивставени”, вели исто и Мадави ал-Рашид, професорка по социјална антропологија во лондонскиот Кингс колеџ. Додека претседателот Обама се стреми кон создавање на мултиполарен Близок исток со неколку регионални сили, Саудиска Арабија сака да ја задржи оваа улога само за себе и да биде водечка земја во целиот регион. “Во Ријад Обама се смета за првиот американски претседател, кој се обидувајќи да го пропадне овој нивен сон. Освен тоа помирување со Иран ги извади Саудијците од нивниот блажен сон”, напиша Рашид во онлајн изданието “Al-Monitor”. “Ако Обама навистина сака да постигне нешто со ова посета на Ријад, тој мора да ги убеди Саудијците дека времето на хегемониалните сили помина”, додава експертката.

А сепак имаат заеднички интереси

И покрај многуте разлики, двете страни имаат сепак и заеднички интереси, уверува Себастијан Зонс. “Битката против т.н..” Исламска држава “(ИД) сигурно е меѓу нив. Во меѓувреме Ријад сфати дека ИД е не само закана за безбедноста, но и голем идеолошки предизвик. Во последниве месеци нападите на саудиска територија извршени од борци на ИД, зачестија и тоа силно ги грижи Саудијците. ”

Сепак, тие се немирни и поради нестабилната ситуација во соседните земји, објаснува Зонс. “Тоа го принуди Ријад да започне воена операција во Јемен, каде застана на страната на претседателот Абед Мансур Хади во битката против бунтовниците хути поддржани од Иран. Воената операција во Јемен е сигнал исто и кон Вашингтон. Тоа треба да им покаже на Американците, дека Ријад е во состојба да се справи со и без нивна помош. “на прв поглед ова е демонстрација на сила. Но под површината разликуваме и знаци на слабост, бидејќи со воената офанзива во Јемен Ријад се збогуваше со досегашната стратегија за правење влијание главно со дипломатски средства и сега оди по патот на воената конфронтација. А тука во Јемен оваа тактика не му носи никакви успеси “, вели Зонс.

Во кавква состојба претседателот Обама започнува една тешко посета во момент на силно затегнати односи меѓу Вашингтон и Ријад. Сега тие можат да се влошат уште повеќе. Или пак да почнат да се подобруваат.