Обама: Мојата најголема грешка беше интервенцијата во Либија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Претседателот на САД Барак Обама потврди дека  за своја најголема грешка во областа на надворешната политика ја смета воената интервенција во конфликтот во Либија.

обан Говорејќи во градот Елкхарт, во државата Индијана, претседателот призна дека сега во оваа арапска земја владее хаос. “Јас и пред тоа  сум велел дека  ја сметам за своја најголема грешка во надворешната политика интервенцијата во Либија во составот на меѓународната коалиција”, изјави тој во одговор на прашање на средба со граѓани, организирана од ТВ компанијата Пи-Би-Ес.

Обама потсети дека земјите од НАТО ги поддржуваат бунтовниците, кои  воделе борба против режимот на Моамер Гадафи. Тие сепак не успеале да обезбедат стабилноста во земјата и да помогнат при формирањето на новата влада. “Ако можеше да се врати назад, претседателот вели дека поинаку би се справил и со внатрешните проблеми.

Според него, тој од самиот почеток ги предупредувал Американците “колку сериозни ќе се последиците од економската криза во 2008 година”. “Веројатно требаше веднаш да кажам дека обновата ќе потрае најмалку 3-4 години. Тој објасни дека грешки во големата политика понекогаш се прават поради недостиг на проверена и веродостојни информации. Дури и претседателот понекогаш треба да донесува одлуки врз основа само на претпоставки, а не на точни информации “, рече тој.