Петседателот на САД, Барак Обама, постави светски рекорд за најбрзо собирање на Twitter следбеници, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштение на Книгата на рекорди.
Во понеделникот Обама отвори сметка POTUS (President Оf Тhe United States) на Twitter и само за пет часа собра еден милион следбеници.
Претходниот рекорд беше на холивудската ѕвезда Роберт Дауни Џуниор, која собра еден милион следбеници за 23 часа и 22 минути на Twitter во април минатата година.
Кратенката на профилот на Обама на Twitter во превод значи: Претседател на САД.
Корисникот веќе има 1,5 милиони следбеници.