Генералниот обвинител на Соединетите Американски Држави, Пам Бонди, нареди истрага за наводите за тајни договори поврзаин со руското влијание врз претседателските избори во 2016 година, познат како „Рашгејт“.
Бонди им задолжи на обвинителите да презентираат докази пред голема порота за да утврдат дали постојат основи за обвинение, пишува CBS News.
Иако не е јасно кој би можел да биде обвинет, истрагата се однесува на разузнавачките информации за Русија и нејзината улога во изборите во САД.
Администрацијата на Трамп започнува истрага против Обама.
Одлуката следува по кривична пријава поднесена кон средината на јули од директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард.
Министерството за правда потврди дека барањето е примена, но не даде дополнителни детали.
Габард претходно објави повеќе од 100 страници декласифицирани документи во кои се тврди дека разузнавачките информации за руското мешање во изборите биле фалсификувани или намерно изменети.
Документите објавени од Габард вклучуваат е-пошта, извештаи од претседателскиот дневен брифинг и записници од состаноци, кои сугерираат дека претставници на администрацијата на Обама можеби политички ги користеле разузнавачките информации за да го поврзат Трамп со Русија.
Демократите остро ги оспорија нејзините тврдења, велејќи дека постојните докази, вклучувајќи ги извештаите на Сенатот и наодите на разузнавањето, јасно покажуваат дека Русија се обидела да влијае на изборите во 2016 година, но дека нема докази за каква било дослух меѓу Трамп и Русија.