Претседателот на САД Барак Обама заѕвони во Меѓународната вселенска станица, за да го поздрави американскиот астронаут Скот Кели. На 16 октомври Кели стана рекордер меѓу колегите од НАСА со 382 дена поминати во вселената.
Рекордот сепак е премногу далеку од оној на рускиот космонаут Генадиј Падалка, кој поминал во вселената вкупно 879 дена. “Се чувствувам потресено. Одамна сум на МВС, но чувствувам дека имам уште долг пат пред себе. Немам проблем со енергијата и ентузијазмот”, му рече Кели на Обама, кој го увери астронаутот дека следат информациите за него преку социјалните мрежи.
“Ви честитам. Се надевам дека она што го правите, ќе го видат многу млади луѓе. Искуството ќе е непроценливо при организирањето на идната експедиција на Марс”, изјави американскиот претседател. Во понеделникот во Белата куќа имаше Вечер на астрономијата, на која Обама поканил млади љубители-астрономи. Меѓу гостите беше и 14-годишниот Ахмед Мохамед од Тексас, кој неодамна беше уапсен по грешка, бидејќи проектираниот од него будилник, беше земен од страна на наставникот како рачно изработена бомба.