Обама: Заканата од Путин отсекогаш постоела

од Nikola Popovski
297 прегледи

Поранешниот американски претседател Барак Обама оцени дека заканата од рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш постоела, тврдејќи дека „непромислениот“ начин на Путин да ја нападне Украина не би се очекувал пред десет години.

„Тој отсекогаш бил некој кој е опкружен со ова изопачено искривено чувство на тага и етнички национализам, мислам дека дел од Путин отсекогаш бил таму. Она што го видовме со инвазијата на Украина беше непромислен начин што можеби не го очекувавте пред осум или десет години, но опасноста беше секогаш тука“, рече Обама.

Запрашан дали денеска ќе се однесуваше поинаку отколку кога беше на власт во случајот, на пример, со анексијата на Крим во 2014 година, Обама одби директно да одговори.

Наместо тоа, тој рече дека е важно „да не ја земаме сопствената демократија здраво за готово“ и „да се обврземе и да се усогласиме со оние кои веруваат во слобода и независност“.

Слични содржини