Обамејанг по дебито за Барса: Неверојатно е чувството да се носи дресот на таков клуб

од Vladimir Zorba

Новото засилување на Барселона Пјер-Емерик Обамејанг ја коментираше победата на Каталонците во натпреварот од 23. коло на Ла Лига со Атлетико Мадрид (4:2). Габонецот го напушти Арсенал и со слободен трансфер им се приклучи на Шпанците. Обамејанг влезе во игра во вториот дел, на местото на друг дебитант, Адама Траоре.

„Да се ​​носи дресот на таков клуб за прв пат е неверојатно чувство. Силна тимска игра и огромна победа за нас“, напиша Обамејанг на Инстаграм.

Барселона собра 38 бодови, го прескокна Атлетико Мадрид во поредокот и се искачи на четвртото место. Мадридскиот клуб падна на петтото место со 36 бодови.

Слични содржини