Обамејанг претепан со метални шипки, разбојници и се заканувале на сопругата и го земале сефот!

од Vladimir Zorba

Пјер-Емерик Обамејанг и неговата сопруга синоќа беа жртви на разбојници во нивниот дом во Барселона.

Според информациите на каталонските медиуми, четворица вооружени разбојници упаднале во куќата на напаѓачот на Барселона околу 01:00 часот, и ја држеле на нишан со пиштол сопругата и неколку пати го удриле Обамејанг со метални шипки!

Разбојниците побегнале откако нашле сеф со пари и накит, а за среќа, Обамејанг и неговата сопруга не се тешко повредени.

Целиот случај набрзо бил пријавен, полицијата трага по разбојниците кои се оддалечиле со Ауди А3, се вели во соопштението.

Да потсетиме, се шпекулира дека Обамејанг би можел да ја напушти Барселона по само шест месеци, откако со доаѓањето на Роберт Левандовски го загуби местото во тимот од Чави Ернандез.

Слични содржини