Обамејанг пристигна во Барселона, се е договорено

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг пристигна во Барселона, информираа новинарите Жерар Ромеро и Фабрицио Романо. Како што се наведува, во каталонскиот клуб била договорена позајмица, а останува сите страни да се договорат само за деталите.

Според достапните информации, остана само Обамејаг да потпише се со Барселона, откако тимот на Артета даде целосна согласност за заминување на својот капитен.

Најголем предизвик ќе биде да се договори кој колку ќе преземе од огромната плата на брзоногиот голгетер. Обамејанг, според актуелниот договор со клубот од Лондон, заработува околу 420 илјади евра неделно.

Се наведува и дека тренерот на Каталонците, Чави Ернандез, бил тој што го видел поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд како идеална „деветка“ во својот состав.

Обамејанг (32) е во Арсенал од 2018 година, а претходно играше за Милан, Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен и споменатата Борусија Дортмунд.

Слични содржини