Обамејанг се запиша во историјата и испрати порака до критичарите

од Vladimir Zorba

Пјер Емерик Обамејанг (32) од оваа зима е играч на Барселона. Тој пристигна без обештетување од Арсенал, па веднаш почнаа гласините дека е далеку од своите најдобри фудбалски денови. Напаѓачот од Габон во експресно време стави крај на сите тие приказни, а најдобриот меч за Барселона го одигра вчера против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Обамејанг постигна два гола во победата од 4-0, а асистираше и за голот на Феран Торес. Тој одигра неверојатен натпревар и продолжи да биде во одлична форма откако пристигна на „Ноу Камп“. Обамејанг има седум настапи во Ла Лига и седум гола (со една асистенција), а во Лига Европа има постигнато два гола на четири натпревари.

Тој влезе во историјата како првиот играч кој директно учествувал во три гола во неговиот прв настап на „Ел Класико“ во сите натпреварувања во 21 век. Тој веднаш по мечот во Мадрид се огласи со јасна порака со фотографија од популарниот Гоку.

„Поздрав од играчот со кој е завршено“.

Слични содржини