Oбединета младина за Македонија: ДПМНЕ да ги тргне своите валкани раце од студентите

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Обединета младина за Македонија најостро го осудува вандалскиот пристап на членови на криминалната структура на власт која насилно ги украде кутиите од факултетите каде се вршеше нелегален избор на студентски лидер.

om obedineti za makedonija

„Овие избори сами по себе се нелегитимни затоа што ги организира раковотство со истечен мандат, низата нерегуларности кои го проследија неругуларниот избор истите ги прави ништовни, изборите за студентски лидер.

Порачуваме ДПМНЕ да ги тргне своите валкани раце од студентите, да не ја потценува интелегенцијата на академската јавност и надлежните институции да преземат соодветни мерки со што би се санкционирал циркусот на владеачката партија“, стои во соопштението.