Обединети нации: Најмалку 1.348 цивили убиени во Мариупол

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Најмалку 1.348 цивили се убиени за време на битката за Мариупол, меѓу кои 70 деца, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.

„Вистинскиот број на луѓе убиени во акции против цивили е веројатно уште неколку илјади повеќе“, рече Бачелет, како што пренесува Си-Ен-Ен.

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет рече дека цивили биле убиени во воздушни напади, тенкови и артилериско гранатирање и преносливо и лесно оружје за време на улични борби и дека дури 90 отсто од станбените згради во Мариупол биле уништени или оштетени, а тој град го нарече „веројатно најсмртоносното место во Украина“.

Слични содржини