„Обединети работници“: Борбата против сиромаштијата мора да биде приоритет за Владата!

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Движењето за социјална правда „Обединети работници“ ја изразува својата загриженост, но и револт, поради несериозниот пристап од страна на Владата на Република Македонија во однос на борбата против сиромаштијата согласно Буџетот за 2022 година!

„Наместо фокусот да се стави на зачувување на работните места, намалување на стапката на инфлација, ублажување на невработеноста, но и унапредување на социјалните издатоци за најсиромашните, гледаме дека за оваа Влада приоритетот е на се’ освен на народот кој што живее овде“, велат од Движењето.

Побараа од Владата, но и пратениците кои што треба да го изгласаат овој Буџет, „да размислат кои се вистинските приоритети, односно дали треба да ги игнорираат потребите на народот или пак да се посветат во решавањето на нивните проблеми“.