162
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе донираат 2.500 генератори на цивилното население во Украина, пренесува Интерфакс Украина повикувајќи се на агенцијата ВАМ на Обединетите Арапски Емирати.
Моќноста на агрегатите што ќе се испорачуваат е од 3,5 до 8 киловати.
Генераторите ќе му помогнат на цивилното население делумно да обезбеди струја, што ќе ги олесни тешките услови за живот на луѓето погодени од енергетската криза во Украина поради руските напади.