Обезбедени скоро милијарда дози вакцини за сиромашните земји

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Скоро една милијарда дози од водечките кандидати за вакцина за коронавирус се обезбедени за земјите со низок и среден приход според програмата „Ковакс“, соопшти Светската здравствена организација.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на денешната прес-конференција што се одржа во Женева рече дека 189 земји учествуваат во програмата „Ковакс“, објави Ројтерс.

„Ковакс“ претставува глобална иницијатива на СЗО за фер дистрибуција на залихи на идни вакцини против коронавирус, и во богатите и во сиромашните земји