Оби Микел се враќа на Островот, ќе игра во Чемпионшип дивизијата

од Vladimir Zorba

Поранешниот играч од средниот ред на Челзи, Џон Оби Микел се врати на Островот, потпишувајќи со Мидлзборо од Чемпионшип дивизијата.

Нигериецот ги помина медицинските тестови и потпиша краткорочен договор со тимот. Тој беше слободен агент откако се раздели со кинескиот Тјанжин во ноември.

„Разговарав со неколку клубови, но ми се допадна проектот, а разговорот со Тони Пулис беше исклучително позитивен. Се надевам дека ќе му помогнам да ги постигне своите цели“, рече играчот од средниот ред.

Микел, кој има во кариерата 11 сезони на „Стемфорд Бриџ“ и над 400 натпревари за „сините“, се уште е само на 31 година, па има со што да биде корисен. Тој беше дел од Светското првенство во Нигерија во 2018 година, а зад себе има 85 натпревари за националниот тим.

„Многу сум задоволен што доаѓа кај нас. Тој е многу искусен и има одлични квалитети. Тој има победнички менталитет и сака да биде дел од нас и она што сакаме да го постигнеме“, рече менаџерот Тони Пулис.

Мидлзборо води битка за промоција во Премиер лигата, откако во моментов тимот е 5-ти во ранг, на само 6 поени од вториот Норвич.

Слични содржини