Обид за атентат врз поранешниот премиер на Пакистан

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е застрелан во ногата во, како што велат неговите приврзаници, обид за атентат, пишува Sky News.

Вооружениот напаѓач, наводно, отворил оган додека Кан им се обраќал на приврзаниците на митинг во Вазирабад. Новинарката на Sky News, Корделија Линч, која била на местото на настанот, рече дека продуцент на Sky News стоел блиску до г-дин Кан и го видел моментот кога политичарот бил застрелан.

Кан бил пренесен од местото на настанот во болница, а неговите поддржувачи велат дека тој го преживеал обидот за атентат. Поранешниот играч на крикет – кој водеше кампања за нови избори откако беше соборен од власт во април – одржувал жестоки говори на митинзи низ целата земја, според Sky News.

Посетата на Вазирабад дојде на шестиот ден од маршот од Лахоре до Исламабад во обид да се повикаат на предвремени избори во земјата, повикувајќи на радикални промени, кога се случи престрелката.

Слични содржини