Обид за атентат врз Путин?

од Nikola Popovski
251 прегледи

Шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов тврди дека по почетокот на инвазијата на Украина имало обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин.

„Имаше обид за атентат врз Путин… Се зборува дека бил нападнат од претставници на Кавказ не толку одамна. Ова е информација која не е јавна. Тоа беше апсолутно неуспешен обид, но навистина се случи… Тоа беше пред околу два месеци“, вели Буданов, цитиран од „Украинска правда“.

„Повторувам, обидот беше неуспешен. Немаше никаков публицитет поврзан со настанот, но се случи“, додава тој.