Обид за промена на политичкиот систем во Ирак- религискиот и националниот кадровски “клуч” да се исфрли од употреба

од desk3
96 прегледи

По неколку недели на протести против корупцијата и лошата состојба на јавните служби ирачкиот премиер Хајдер ал Абад предложи денес значителни реформи, вклучувајќи и укинување на функцијата потпретседател, заземена од неговиот претходник и ривал Нури ал Малики, пренесе “Франс прес”.

zx450y250_2587784

Реформите бараат одобрение од Владата и Парламентот, што претставува политичка битка и ја исклучува можноста за нивно брзо спроведување.

Абад ги објави реформите два дена откако највисоката шиитска инстанца во Ирак, ајатолахот Али ас Систан, упати кон него повик “да биде решителен” во борбата против корупцијата и да ги разобличи јавно политичарите кои ги попречуваат реформите.

Меѓу предложените мерки е “итно” отстранување на позициите потпретседател и вицепремиер.

Ирак има тројца вицепремиери и тројца потпретседатели, од кои еден е Малики. Укинувањето на потпретседателската позиција ќе нанесе тежок удар на Малики и може да доведе до конфликт меѓу двајцата политичари од шиитската партија “Дауа” (“Исламски повик”), во која експремиерот сеуште ужива големо влијание.

Во својата изјава, закачена на интернет, Абад повикува да се преиспитаат принципите за именување на луѓе на раководни позиции во земја каде што заедниците играат важна улога при поделбата на одговорностите.

Квотите за партиите и религиозни групи треба да бидат укинати, изјави премиерот, нагласувајќи дека кандидатите за високи позиции треба да се избираат “според надлежноста, интегритетот и искуството “, од комисија, назначена од страна на премиерот.

Во Ирак, каде шиитската заедница е мнозинство, претседателот е Курд, премиерот е шиит, а претседателот на парламентот – сунит, потсетува АФП.

Абад инсистира исто за итно и сеприсутно скратување на бројот на телохранителите на сите високи претставници. Тоа е стар проблем во Ирак, каде што некои високи функционери имаат вистински стадата од телохранители, а други назначуваат помал број на обезбедувачи и ги присвојуваат наменетите за нив плати.

Веќе неколку недели во Багдад и други градови има протести против лошиот квалитет на јавните услуги и најчесто против редовниот прекин на електричната енергија што секојдневно ги лишува Ирачаните од електрична енергија со часови при температури над 50 степени.

Демонстрантите сметаат дека причини за застарените и лошо функционални јавни услуги се корупцијата и некомпетентноста на политичката класа.