Врз првиот советник на украинскиот претседател, Влодомир Зеленски – Сергеј Шефир, беше извршен обид за атентат, но тој не беше повреден, додека неговиот возач се здоби со прострелни рани, изјави денеска Евгениј Шевченко, пратеник во украинскиот парламент од владејачката партија „Слуга на народот“,
– Пред неколку моменти имаше обид за атентат врз советникот на украинскиот претседател, Сергеј Шефир, во близина на селото Лешники (близу Киев). Возачот на Сергеј доби три куршуми – напиша Шевченко на својот канал на „Телеграм“.
Според украинскиот портал „Страна“, возачот се наоѓа на интензивна нега во тешка состојба.
Непознати лица отвориле оган врз автомобилот на Шефир во близина на Киев, објави агенцијата РИА Новости малку порано, повикувајќи се на порталот „Strana.UA“.