125
Силниот снег што неодамна падна во Јапонија однесе 13 животи, повеќе од 80 лица беа повредени, а повеќе од 10.000 домаќинства останаа без струја, соопштија денес јапонските власти.
Поради снежното невреме и високите бранови во северниот дел на оваа островска земја и покрај бреговите на Јапонското Море се очекува снежна покривка од околу 60 сантиметри, предупреди Националната метеоролошка служба, пренесува Ројтерс.
До попладневните часови по локално време, повеќе од 30 лица се тешко повредени, а повеќе од 50 се полесно повредени, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи.