Обилните дождови во Забаљкалскиот регион во Русија предизвикаа уривање на железничкиот мост кој е дел од транссибирската железничка мрежа, соопштија денеска локалните власти.
„Од официјалните лица на руската железница во 9.00 часот утрово добивме информација дека мостот се срушил по обилните дождови на делови од транссибирската железничка мрежа над реката Куенга, во близина на станицата Укуреи“, се вели во соопштението пренесено од ТАСС.
Се додава дека нема жртви и повредени.
Железничкиот сообраќај е во прекин во двата правци.