Најсекси мажот на планетата, актерот Ченинг Татум по кој лудуваат жените ширум светот, конечно повторно е слободен по едногодишната врска во која вплови кратко по разводот од Џена Деван, со која ја има ќерката Еверли.
На темата раскинување со пејачката, актерот се уште не се огласил, но тоа го направи неговата поранешна девојка. Таа на јавноста се обрати преку Инстаграм, истакнувајќи дека се разделиле во мир и останале пријатели.
– Никогаш нема да ми биде нормално кога луѓето коментираат, диксутираат и имаат мислење за мојот живот, особено мојот приватен живот. Чудно е чувството дури и да се обидете да го објаснете… Знам дека не можам да ги контролирам чуѓето, што ќе прават, но можам да ја зборувам вистината – рекла Џеси.
– Иако на медиумите им треба некаква драма или нешто ново, во моето раскинување немаше драма. Никаква омраза. Никакви озборувања. Едноставно, ние сме двајца, многу нормални луѓе (им се случува на познатите) кои се запознале. Излегуваа. Толку прекрасно се забавувавме и едноставно со време признавме дека не оди, во смисла на романтична врска.
– И понатаму сме пријатели. И понатаму се почитуваме и сакаме. Едноставно. МОра себе си да се фрлите во љубов за да знаете дали ќе оди или не. Во нашиот случај, некој дел од светот не гледаше и тоа е единствената разлика. Сега да се вратиме на пишувањето приказни за реални проблеми и едукација на луѓето за важни работи кои се случуваат – напишала Џеси.
Од друга страна, ппоранешната сопруга на Тетум повторно ќе се оствари во улогата на мајка, бидејќи чека дете со новиот избраник.
Двајцаа, брзо по разводот, тргнаа по своите патишта и најдоа нова љубов.