Објавен датумот на доделувањето на Еми наградите

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Церемонијата на доделување на познатите телевизиски награди „ЕМИ“ ќе се одржи на 19 септември на отворен простор во Лос Анџелес поради зголемената загриженост на јавноста поради пандемијата на коронавирус, објави во вторникот Телевизиската академија, пренесува „Ројтерс“.

Според првичниот план, церемонијата требаше да се одржи во затворени простории пред ограничен број познати личности.

„Телевизиската академија и Си -Би -Ес одлучија да бидат домаќини на сите свечености, на „Event Deck“ за настани во живо во Лос Анџелес, веднаш зад Театарот Мајкрософт“, се вели во соопштението.

„Event Deck“ за настани во центарот на Лос Анџелес е отворен простор што содржи голема површина за шатори.

Во соопштението се наведува дека сите промени во врска со промената на локацијата следеле по разговорот – консултација со здравствените и безбедносните експерти на округот Лос Анџелес.

Исто така, ќе има дополнителни ограничувања за бројот на поканети луѓе за емитување на наградите на ЕМИ, вклучително и оние кои се номинирани за највисоките признанија на американската телевизија.

„За жал, тоа значи дека не сите номинирани уметници ќе можат да присуствуваат на овогодинешните награди“, рекоа организаторите на церемонијата.

Минатиот месец, Лос Анџелес повторно ја воспостави одлуката за носење маски во сите затворени јавни институции и компании, поради зголемениот број на инфекции со коронавирус во овој втор по големина град во Америка.

Слични содржини