Објавен имотот на Путин: 10 банкарски сметки, еве колку заработил за шест години

од Nikola Popovski
216 прегледи

Централната изборна комисија на Руската Федерација објави информации за имотот на кандидатот за претседател на Руската Федерација и актуелен шеф на руската држава, Владимир Путин.

Според податоците, вкупниот приход на Путин за шест години изнесувал 67.591.875 рубљи (околу 700.000 евра), пренесува РИА Новости.

Во извештајот се наведува дека претседателот на Русија поседува стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни во Санкт Петербург, како и три автомобили: „ГАЗ М21“ – произведен 1960 година, „ГАЗ М2“ – произведен 1965 година, „Лада нива“ – произведен во 2009 година и приколка за автомобил „Скиф“ – произведена во 1987 година.

Путин има и 10 банкарски сметки со 54.416.604,52 рубљи (околу 550.000 евра) и 230 акции во „PJSC Bank St. Petersbrug“ (номиналната вредност на една акција е 11,81 рубли).

Претседателот на Русија поседува и стан во Москва од 153,7 квадратни метри.

Слични содржини