Објавен извештајот што може да го „стресе“ столчето на Џонсон

од Nikola Popovski
228 прегледи

Извештајот на Сју Греј за забавите организирани на Даунинг стрит 10 – кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон конечно е завршен.

Извештајот е доставен до канцеларијата на Џонсон денеска, а можете да го погледнете на овој линк.

Владата објави дека државната службеничка Сју Греј доставила до премиерот ажуриран извештај за истрагите што ги води. Неговиот кабинет соопшти дека премиерот во текот на денот по тој повод ќе се обрати во Собранието.

По барање на полицијата, дел од заклучоците од извештајот нема да бидат објавени, бидејќи е покрената посебна истрага дали на некои од близу 20-те собири кои Сју Греј ги истражувала се прекршени епидемиолошки мерки.

„Собирите во рамките на оваа истрага се распоредени во период од 20 месеци, што е комплицирано од моменталната состојба со пандемијата. Целата земја прифати бројни предизвици.

Министри, специјални советници и цивили, службата – чиј дел сум и на тоа се гордеам, беа посветени во минатото.

Но, забележав дека дел од собирите не требаше да се случат или барем не на начинот на кој се одржаа. Сите можеме да научиме многу од ова, а Владата ќе одлучи за понатамошните чекори“, се заклучува во извештајот на Греј.

Борис Џонсон е под истрага поради обвинувања дека организирал забави и собири со десетици луѓе во градината на Даунинг стрит, во време кога Велика Британија беше под силен карантин поради коронавирусот.

Во јавноста се појавија фотографии од овие настани, а на Џонсон му се лути и граѓаните и пратениците.

Конзервативните пратеници рекоа дека е неопходно гласање за недоверба на Џонсон, а се ќе зависи од извештајот на Сју Греј, кој сега е пред Џонсон.

Во меѓувреме, премиерот негира дека го прекршил законот и наведува дека „апсолутно нема намера“ да поднесе оставка.

Извештајот на Сју Греј беше одложен кога лондонската полиција започна сопствена истрага за наводите за сериозни прекршувања на коронавирус минатата недела.

Слични содржини