Објавен новиот официјален портрет на кралот Чарлс и кралицата Камила (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

На Инстаграм профилите на британското кралско семејство е објавен нов официјален портрет на кралот Чарлс и кралицата Камила со принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт.

Портретот е создаден во Бакингемската палата ден пред погребот на кралицата Елизабета.

„Нивното височество кралот и кралицата со нивното кралско височество, принцот и принцезата од Велс. Фотографирано во Бакингемската палата на 18 септември, фотограф Крис Џексон“, гласи описот на сликата, која за помалку од 24 часа по објавувањето имаше повеќе од 700 илјади лајкови на Инстаграм.

На фотографијата двата пара изгледаат опуштено, насмеани, а кралот ја има раката во џеб.

Неколку моменти откако беше направена оваа фотографија, тие одржаа прием за светските лидери кои дојдоа во Лондон на погребот. Зад нив е портретот на Џорџ Трети.

Слични содржини