Објавен првиот тизер за втората сезона на хит серијата на Нетфликс Squid Game

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Хит серијата на Нетфликс Squid Game дефинитивно ја добива својата втора сезона, а стрим сервисот во неделата ја потврди веста со објавување на првите тизери од продолжението на таа јужнокорејска драма.

Најгледаната серија на Нетфликс зборува за натпреварувачи во реално шоу кои играат детски игри за можност да освојат огромна сума пари, но во исто време го ризикуваат и сопствениот живот.

Таа инспирираше многу костими за Ноќта на вештерките, ја започна модата на носење зелени тренерки, но ги разоткри и размерите на финансиската криза која зафаќа многу Јужнокорејци, пишува „Гардијан“.

Режисерот и автор на серијата Хванг Донг Хјук потврди дека во продолжението ќе се врати Сонг Ги Хун, која ја игра Ли Јунг Џае, како и таканаречениот „Водечки човек“, односно Хуанг Ин Хо (Ли Бјунг Хун).

Тој исто така навести дека гледачите ќе го запознаат „момчето“ на куклата што се појави во епизодата „Црвено светло, зелено светло“ и стана еден од симболите на серијата.

Нетфликс не прецизираше кога ќе се прикажува сезоната, но Хванг претходно процени дека би можеле да ја очекуваме во 2023 или 2024 година и дека планира да се занимава со прашањето „дали е можна вистинска солидарност меѓу луѓето“.

Извесно е дека е планирана и трета сезона, бидејќи претходно извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос изјави дека „Squid Game универзумот само што започна“.

Слични содржини