Објавен првиот заеднички портрет на војводата и војвотката од Кембриџ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот заеднички портрет на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Милдтон, е изложен во музејот Фицвилијам, на Универзитетот во Кембриџ.

Автор на портретот е наградуваниот британски портретист Џејми Корет.

Ова уметничко дело беше нарачано минатата година од страна на Royal Portraits Fund од Кембриџшир како подарок за жителите на округот.

„Најнеобичната привилегија во мојот живот“, изјави авторот на портретот Корет.

Кралската двојка го посети музејот Фицвилијам на денот кога портретот првпат ѝ беше откриен на јавноста.

По тој повод се сретнале со авторот Корет.

Слични содржини