Филмското студио „Ворнер Брос“ во четвртокот ја објави првата најава за претстојниот филм „The Matrix: Resurrections“, четвртиот филм во тетралогијата „Матрикс“.
Трејлерот, објавен во четвртокот, за првпат беше прикажан на филмскиот саем „CinemaCon“, што се одржа на 24 август во Лас Вегас, Невада.
„The Matrix: Resurrections“ доаѓа 18 години по „The Matrix: Revolutions“, филм кој извесно време беше последното поглавје во приказната за Нео и неговата борба против вештачката интелигенција и паметните машини.
Заплетот на филмот во моментов е непознат, но трејлерот сугерира дека „Revolutions“ ќе изобилува со сцени и секвенци што се однесуваат на оригиналната трилогија.
„The Verge“ наведува дека во трејлерот се прикажани црни мачки, кунг фу борби, „Алиса во земјата на чудата“, вооружени судири, запирање на куршуми и бројни други потсетници за првите три филмови од серијалот „Матрикс“.
Се разбира, трејлерот силно сугерира дека „The Matrix: Resurrections“ ќе игра со перцепцијата на реалноста. Нео го посетува терапевтот и му раскажува за неговите соништа, се сомнева дека е „луд“, Троица не го познава, работите му изгледаат…
„The Matrix: Resurrections“ го режираше Лана Вичелски, а сценариото го напишаа Дејвид Мичел, Александар Хемон и Лана Вичелски. Филмот го снимија Даниеле Масачеси и Џон Тол, а музиката ја направија Џони Климек и Том Тиквер.
„The Matrix: Resurrections“ доаѓа во американските кина на 22 декември 2021 година.