213
Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, соопштија вечерва од ДЗС.
Според нив, тоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт.
На линкот може да го погледнете список на седишта на Комисии на пописни реони и адреси каде што може да се попишува.