После неколку месеци чекање, конечно излезе првиот трејлер за филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“. Авторскиот тим, предводен од режисерот Милош Аврамовиќ, одлучи да и го претстави на публиката она што не очекува во продолжението на блокбастерот, кој ги сруши сите рекорди пред три години.
Во првиот трејлер за „Забрзување“, ја гледаме досега невидената сцена на продукцијата, но и индикација за заплетот што ќе ја држи публиката во неизвесност до последниот кадар!
Покрај веќе добро познатата екипа предводена од Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Јован Стојиљковиќ, Предраг Мики Манојловиќ и Александар Берчек, во „Забрзување“ не чека враќањето на Лука Грбиќ, кој го игра ликот на неговиот брат Петар Мараш, како и младата британска sвезда Анастасија Еверал. Интернационалниот сет е надополнет со актери од Бугарија, Маријан Валев и Захари Бахаров.
Филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“ е снимен на локации во источна Србија, како и на многу недостапни терени на границата со Бугарија. Снимањето беше завршено минатата година, а се очекува голема премиера наесен оваа година.