„Geography Simplified“ презентираше листа на просечна висина на мажите по земји во светот, а интересно е што Холанѓаните се на првото место со висина од 183,78 сантиметри. Босна и Херцеговина е на третото место.
Имено, според податоците објавени од „Geography Simplified“, на врвот на листата на највисоки се мажите од Холандија со просечна висина од 183,78 сантиметри. Црногорците се на второто место, додека мажите од Босна и Херцеговина го зазедоа третото место со висина од 182,47 сантиметри.
Првите десет на листата се исто така Исланѓани со просечна висина од 182,10 сантиметри.
На дното од листата се Украинците, чии мажи се високи во просек 180,98 сантиметри, а ист просек имаат и Словенците.
Висината на една личност зависи од неколку фактори, меѓу кои генетиката, исхраната, начинот на живот и околинатa. Научната дисциплина што се занимава со мерење и проучување на пропорциите на телото, вклучувајќи ја и висината, се нарекува антропометриja.
Патем, според достапните глобални податоци, просечната висина на мажите во светот е 171,28 сантиметри.