Објавена е првата фотографија од тајната венчавка на Борис Џонсон

од Nikola Popovski
190 прегледи

Британаскиот премиер Борис Џонсон се ожени со својата вереница Кери Симондс на тајна церемонија во катедралата Вестминстер во саботата.

„Премиерот и г-ѓа Симондс се венчаа на мала церемонија во катедралата Вестминстер. Двојката ќе ја прослави својата венчавка со семејството и пријателите следното лето“, рекол портпаролот.

Првите фотографии од венчавката се појавија и на социјалните мрежи.

33-годишната Кери се одлучи за романтична венчаница, а на главата носела венец со цвеќиња. Нејзиниот 23-годишен сопруг Борис, на кого ова му е трет брак, носел темно одело и сина вратоврска.

Кери ќе го земе презимето на нејзиниот сопруг и отсега ќе биде позната како Кери Џонсон.

Двојката има син Вилфред, кој е роден во април 2020 година.

Слични содржини