Објавена НАЈНОВА ФОТОГРАФИЈА од принцезата Латифа: Сопрена кампањата за нејзино ослободување

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

По објавувањето на новата фотографија на принцезата Латифа (35), ќерка на владетелот на Дубаи, направена со член на семејството во Исланд, кампањата за нејзино ослободување беше прекината.

Фотографијата беше објавена на Инстаграм во понеделникот од Британка, а наводно се гледа принцеза со нејзината братучетка, пренесува Би -Би -Си.

Претходно, Би -Би -Си објави снимка на која принцезата вели дека нејзиниот татко ја држи во заробеништво.

Тоа предизвика бес кај луѓето, а ОН истражуваа дали 35-годишната принцеза е се уште жива.

Но, оттогаш се појавија неколку фотографии од Латифа. Тие беа објавени од Сајон Тејлор, која исто така била на фотографија објавена во јуни.

Другите фотографии ја прикажуваат Латифа во трговски центар и ресторан во Дубаи.

Сепак, нејасно е колку слобода има принцезата бидејќи не зборува јавно откако почнаа да се објавуваат сликите.

Претставниците на кампањата чија цел беше ослободување на Латифа во понеделникот издадоа изјава во која се потврдува дека принцезата се сретнала со својот братучед Маркус Есабри на Исланд.

– По состанокот, беше одлучено дека најсоодветен чекор во овој момент е да се запре кампањата за ослободување на Латифа. Примарната цел на кампањата беше да се ослободи Латифа и да живее живот по сопствен избор. Очигледно е дека сме поминале долг пат кон постигнување на таа цел – се наведува во соопштението.

 

Слични содржини