Објавена причината за смртта на Сузан Самерс

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Објавена е официјалната причина за смртта на познатата актерка Сузан Самерс, помалку од две недели откако таа почина на 15 октомври на 76-годишна возраст во својот дом во Палм Спрингс.

Според потврдата за смртта која ја добил магазинот The ​​Blast, ракот на дојката со кој Сузан Самерс се бореше повеќе од две децении, метастазирал во нејзиниот мозок.

Тоа беше наведено како „непосредна причина за смрт“, но други пропратни болести, вклучувајќи хипертензија и хидроцефалус, исто така имале фатално влијание.

Повеќе од една година, Сузан Самерс се бореше со хидроцефалус, што е проширување на коморите на мозокот, на кое му претходеше зголемување на притисокот во централниот нервен систем (ЦНС) поради зголемена количина на цереброспинална течност или тековно зголемување на притисок.

Лекарот извршил биопсија за да ја утврди причината за смртта. Обдукција не е извршена, пишува „Дејли мејл“.

„Сузан Самерс почина мирно дома во раните утрински часови на 15 октомври. Таа живееше со агресивен рак на дојка повеќе од 23 години“, напиша долгогодишниот публицист Ер Кари Хеј во изјавата објавена во име на семејството на актерката, која почина ден пред нејзиниот 77-ми роденден.

Во соопштението се вели: „Сузан беше опкружена со нејзиниот сакан сопруг Алан, синот Брус и другите членови на нејзиното потесно семејство, кои се собраа да го прослават нејзиниот 77-ми роденден. Наместо тоа, тие ќе го прослават нејзиниот извонреден живот и сакаат да им се заблагодарат на нејзините фанови кои многу ја сакаа“.

Слични содржини