Објавена снимка од ракетен напад врз нуклеарната централа (ВИДЕО)

од Milan1

Иако меѓународната заедница постојано ја повика руската и украинската страна да престанат со борбите во околината на најголемата нуклеарна централа во Европа, во Запорожје, синоќа избувна пожар откако беше испукан проектил во еден од нејзините постројки.

Имено, градоначалникот на Енергодар, Дмитрио Орлов и шефот на регионалната државна управа на Запорожје, Олександр Старук, соопштија дека проектилот бил испукан во зградата во научно-истражувачкиот комплекс и лабораторија. Управната зграда е оштетена, но не се запалила.

Додека, од една страна, Украина тврдеше дека руските сили ја нападнале нуклеарната зона, Москва одговори на тие тврдења, нарекувајќи го целиот инцидент „монструозна провокација“ од Киев, чија цел е да ја обвини Русија.

Но, веста за пожарот во атомската централа не ни покрена дилеми за тоа кој е виновен, бидејќи страв се појави во светот. Затоа во раните утрински часови веќе се слушнаа американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По тој повод, Бајден му се придружил на Зеленски во барањето Русија веднаш да ги прекине воените активности на тоа подрачје и да им дозволи на пожарникарите и итните служби да се приближат до местото на пожарот, се наведува во соопштението.

По успешно локализирање на пожарот, регионалните власти во областа Запорожје објавија дека електраната била окупирана од руски сили.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека нејзиниот Ургентен центар од денеска ќе работи без прекин поради, како што се наведува, „опасна ситуација“ по инцидентот.

Набргу потоа, Украинската државна регулаторна управа за нуклеарна енергија објави дека опремата и единиците во нуклеарната централа се неоштетени и дека не се забележани промени во нивото на радиоактивност. Ова го потврди и генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, кој рече дека е во постојан контакт со претставниците на украинските регулаторни тела.

Гроси истакна дека операторот и регулаторот тврдат дека ситуацијата „се уште е крајно тензична и предизвикувачка“, а само еден реактор работи со околу 60 проценти.

Осуди од целиот свет

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон денеска изјави дека руските сили мора веднаш да го запрат нападот на украинската нуклеарна централа во Запорожје и дека сега постапките на Путин се закана за безбедноста на цела Европа. Џонсон разговараше и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за ситуацијата во електраната во Запорожје.

„Премиерот рече дека непромислените постапки на Путин сега можат да бидат директна закана за безбедноста на цела Европа“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Џонсон рече дека Велика Британија ќе направи се за да помогне ситуацијата да не се влошува, а двајцата лидери се согласија дека прекинот на непријателствата е клучна работа, заклучи Даунинг стрит.
Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, денеска соопшти дека апелирало до сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки во Украина.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги повикаме сите страни на воздржаност, избегнување на ескалација и обезбедување безбедност на нуклеарните постројки“, рече министерот за надворешни работи Ванг Венбин на редовната прес-конференција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски директно ги повика руските граѓани да протестираат против нападот на руските сили врз нуклеарната централа и заземањето на нуклеарните објекти. Како што вели, доколку дојде до несреќа, експлозијата може да предизвика уништување како „шест Чернобила“.

Тој истакнува дека ова лесно можеше да биде „ноќ што ќе ја промени историјата на Европа и светот“.

„Руски народе, сакам да ви се обратам: Како е тоа можно? На крајот на краиштата, заедно се боревме во 1986 година против катастрофата во Чернобил. Радијацијата не знае каде е Русија. Радијацијата не знае каде е границата на вашата земја“, рече Зеленски во адреса.

Слични содржини