Каталонските регионални избори, освен што со себе ја донесоа победата на социјалистите и враќањето на Карлес Пуџдемон на политичката сцена во Шпанија, доведоа и до појава на нова партија во парламентот што може да предизвика многу главоболки во иднина.
Според изборните резултати, на каталонските регионални избори новоформираната Алианса Каталана (Aliança Catalana) предводена од градоначалничката на Општина Рипољ, Силвиа Ориолс и Сера, ќе има и две места во Парламентот на Каталонија.
Партијата што беше создадена во 2020 година како резултат на незадоволството од актуелната каталонска политичка сцена полека се претвора во сериозна политичка опција, а она што сите ги загрижува е самата идеологија на нејзиниот претседател и другите членови, која може да се опише како екстремно десничарска. Слоганот на Алианса Каталана на изборите беше „Да ја спасиме Каталонија“ (Salvem Catalunya).
„Ориолс е дел од ксенофобичната политичка струја, особено кон мигрантите од Магреб. Таа претходно предупреди на опасностите од ‘политичко-верската идеологија на исламот и рече дека таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството“, пишува шпански „АС“
Исто така, Ориолс го поврза растот на криминалот во Каталонија со имиграцијата и нагласи дека верува дека Каталонија може да ги победи локалните криминалци, но дека тоа не мора да го прави во соработка со странците.
Неколку политички експерти ја окарактеризираа оваа политичка опција во Каталонија како регионален Вокс (Vox), т.е. десничарска партија на шпанската политичка сцена.
„Тоа е каталонскиот „Вокс“ бидејќи дели со нив конзервативна визија за имиграцијата. Сепак, се разликува во своите размислувања за територијалното усогласување на Каталонија во рамките на Шпанија, бидејќи Ориолс е цврста бранителка на движењето за независност и едностраното прогласување независност“, се наведува во текстот.