349
Потомок на еден од лекарите на Адолф Хитлер објавил детали од писмата кои покажуваат како нацистичкиот диктатор бил лекуван од проблеми со грлото и гласот.
Неделното издание на германскиот весник NZ am Sonntag наведува дека Хитлер од 1935 година неколку пати во период од 10 години бил лекуван од германскиот лекар Карл-Ото фон Ајкен, специјалист по оториноларингологија, пренесува „Ројтерс“.
Писмата што д-р Карл-Ото фон Ајкен ги испратил до својот братучед ги открил Роберт Доипген, правнук на Фон Ајкен, кој ги нашол додека ги истражувал семејните архиви за училишен проект.