Малата Лилибет Дајана, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, минатиот викенд го прослави својот прв роденден во Виндзор, каде што нејзините родители престојуваа за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.
Пријател на Меган синоќа објави фотографии од роденденската забава направена во резиденцијата Фрогмор Котиџ, а британските медиуми пишуваат дека за малата Лилибет била приредена скромна роденденска забава.
It was such a privilege to celebrate the 1st birthday of Lilibet with my family and hers! Joy and face painting all around ❤️🎂🎉 pic.twitter.com/bg3RY6MOEu
— Misan Harriman (@misanharriman) June 6, 2022
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и нивните деца, наводно биле поканети на прославата, но не одговориле. Вилијам и Кејт наводно имале обврски поврзани со прославата на јубилејот тој ден и го посетиле Велс и се наведува дека не можеле да ја прифатат поканата за роденден. Сепак, некои тврдат дека односот меѓу двајцата браќа, Хари и Вилијам, е толку затегнат што Вилијам го избегнувал Хари во широк лак во текот на целата прослава.
Малата Лилибет наводно ја запознала својата прабаба Елизабета, но не ги запознала Џорџ, Шарлот и Луис.