Објавени фотографии од уништена руска воена опрема близу Киев

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Украинската армија денеска објави фотографии од уништена руска воена опрема во близина на Киев.

Нема значителни поместувања во украинската војска од првите линии на одбраната во последните 24 часа, изјави за Ројтерс советникот на претседателот Олексеј Арестович.

Тој посочи четири градови кои сега се жаришта на руските офанзиви: Мариупол, Миколаев, Херсон и Изум.

Во текот на ноќта имаше силно гранатирање на јужниот дел на Миколаев, клучен град кој со недели го блокираше напредувањето на Русија на запад долж брегот на Црното Море.

Има информации и дека во градот се пронајдени руски разузнавачки тимови, испратени да лоцираат воени цели за нападот.