Објавени имињата на 14 обвинети и уапсени шефови на ФИФА

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Се дознаа  имињата на 13 лица, против  кои ќе бидат покренати обвиненија за корупција по акцијата против високи членови на ФИФА, која сереализираше  во Цирих утринава. Девет од нив се членови на светската фудбалска централа, а четворица се шефови на маркетинг компании.

 20150527.axjcjaclez

Членовите на ФИФА, против кои  ќе бидат покренати обвиненија за корупција се: Џефри Веб, Едоардо Ли, Џек Ворнер, Еугенио Фигередо, Хулио Роча, Костак Такас, Рафаер Ескивел, Жосе Марија Марин и Николас Леос. Првите четири имиња станаа јасни уште со првите пораки за акцијата.

 апсење

Четворицата шефови на маркетинг компании, кои се вмешани во случаите со корупција, се Алехандо Бурсако, Арон Дејвидсон, Хозе Маргулиес, Хуго и Маријано Џинкис.

За 12:00 часот има најавено  прес-конференција на ФИФА. Се очекува подоцна денеска да има и таква на американското Министерство за правда и ФБИ, кои се во покренувачи  на денешната акција.

 20150527.lccnglhrdv

Кои се деветте фудбалски шефови  обвинети за корупција

Џефри ВЕБ – потпретседател на ФИФА, претседател на КОНКАКАФ и на Фудбалската асоцијација на Кајманските острови
ЕДОАРДО ЛИ – претседател на Фудбалската федерација на Костарика
Хулио Роча – претседател на Фудбалската федерација на Никарагва
Костас ТАКАС – генерален секретар на Фудбалската асоцијација на Кајманските острови
Џек Ворнер – поранешен потпретседател на ФИФА и поранешен претседател на КОНКАКАФ
ЕУГЕНИО ФИГЕРЕДО – член на Извршниот комитет на ФИФА, поранешен претседател на
КОНМЕБОЛ и на Уругвајската фудбалска асоцијација
Рафаел ЕСКИВЕЛ – претседател на Фудбалската федерација на Венецуела
Жозе Марио Марио – поранешен претседател на Бразилската фудбалска конфедерација
Николас ЛЕОС – поранешен претседател на КОНМЕБОЛ и на Парагвајскиот фудбалска асоцијација
* КОНМЕБОЛ – фудбалската конфедерација на Јужна Америка; КОНКАКАФ – фудбалската конфедерација на Северна Америка и Карибите регион.