По неколкуте промени на датумите поради разорните пожари што го зафатија Лос Анџелес, Американската академија за филмски уметности и науки конечно ги објави номинациите за најпрестижните награди во светот на кинематографијата – Оскарите, кои ќе бидат доделени на церемонија ноќта на 2 и 3 март.
„Емилија Перез“, мјузикл на францускиот режисер Жак Аудиар за мексикански гангстер кој го менува полот и го менува својот идентитет за да избега од ривалскиот клан, е во 13 категории и го собори рекордот за најмногу номинации за филм од неанглиско говорно подрачје.
„Бруталистот“ на Броди Корбе, за унгарскиот архитект кој емигрира во САД по Втората светска војна, заработи 10 номинации, исто толку колку и „Wicked“, блокбастерот базиран на хитот на Бродвејскиот мјузикл.
Биографскиот филм на Џејмс Манголд за Боб Дилан „A Complete Unknown“ доби шест номинации, како и „Conclave“ на Едвард Бергер.
Во главната категорија, од десет номинирани филмови, само еден беше режиран од жена, а тоа беше контроверзниот хорор филм „The Substance“ на Корали Фарж.
Сите номинации – достапни на линкот
Најдобар филм
Anora
The Brutalist
A Complete Unknown
Conclave
Dune: Part Two
Emilia Pérez
I’m Still Here
Nickel Boys
The Substance
Wicked
Најдобра актерка во главна улога
Синтија Ериво во Wicked
Карла Софија Гаскон во Emilia Pérez
Мајки Медисон во Anora
Деми Мур во The Substance
Фернанда Торес во I’m Still Here
Најдобар актер во главна улога
Адриен Броди во The Brutalist
Тимоти Шаламе во The Complete Unknown
Колман Доминго во Sing Sing
Рејф Фајнс во Conclave
Себастијан Стен во The Apprentice
Најдобра актерка во споредна улога
Моника Барбаро во A Complete Unknown
Аријана Гранде во Wicked
Фелисити Џонс во The Brutalist
Изабела Роселини во The Conclave
Зое Салдана во Emilia Pérez
Најдобар актер во споредна улога
Јура Борисов во Anora
Киран Калкин во A Real Pain
Едвард Нортон во Complete Unknown
Гај Пирс во The Brutalist
Џереми Стронг во The Apprentice
Најдобра режија
Шон Бејкер – Anora
Бреди Корбет – The Brutalist
Џејмс Манголд – The Complete Unknown
Жак Одиард – Emilia Pérez
Корали Фаржа – The Substance
Најдобро оригинално сценарио
Anora
The Brutalist
A Real Pain
September 5
The Substance
Најдобро адаптирано сценарио
A Complete Unknown
Conclave
Emilia Pérez
Nickel Boys
Sing Sing
Најдобар анимиран филм
Flow
Inside Out 2
Memoir of a Snail
Wallace & Gromit: Vengeance Most Fowl
The Wild Robot
Најдобра костимографија
A Complete Unknown
Conclave
Gladiator II
Nosferatu
Wicked
Најдобра оригинална филмска музика
The Brutalist
Conclave
Emilia Pérez
Wicked
The Wild Robot
Најдобар меѓународен филм
I’m Still Here
The Girl with the Needle
Emilia Pérez
The Seed of the Sacred Fig
Flow