Откриени се нови детали за причината за смртта на легендарниот актер Вал Килмер, кој почина на 1 април на 65-годишна возраст.
Според потврдата за смртта објавена од Одделот за здравство во Лос Анџелес, главните причини за смртта биле „акутна хипоксемична респираторна инсуфициенција, хронична респираторна инсуфициенција и сквамозен карцином на основата на јазикот“.
Сквамозен карцином е вид на рак кој ги зафаќа тенките, рамни клетки кои го обложуваат грлото, вклучувајќи го и гркланот и фаринксот. На Килмер во 2014 година му беше дијагностициран рак на грлото, од кој успешно се опорави, но потврдата за смртта потврдува дека болеста се вратила пред неговата смрт.
Потсетуваме, Вал Килмер почина на 65-годишна возраст, а неговата ќерка Мерцедес претходно изјави дека причина за смртта е пневмонија. Иако актерот првично ја негираше дијагнозата на рак и ги избегнуваше медиумите и јавните места, драстичните промени во неговиот изглед предизвикаа сомнеж кај неговите обожаватели. Ситуацијата дополнително ја искомплицира неговиот пријател Мајкл Даглас, кој во едно интервју спомна дека Килмер се борел со болест низ која и самиот поминал.
Дури во 2017 година Килмер призна дека се борел со ракот.
„Даглас се обидуваше да ми помогне бидејќи постојано го прашуваа каде сум исчезнал. Да, имав рак. Сега сум излечен. Јазикот ми е се уште отечен, но добро заздравува“, напиша тогаш на Редит.
Тој помина низ хемотерапија, а третманот вклучуваше трахеотомија, хируршка процедура која создава отвор во вратот за да го олесни дишењето. Овие терапии имаа трајни ефекти, а најзначајниот резултат беше губењето на неговиот природен глас. Според „Дејли Мејл“, телото на актерот било кремирано.