Американскиот рапер Канје Вест ја обвини Ким Кардашијан дека приредила тајна роденденска забава на нивната ќерка Норт, на која тој не бил поканет.
Драмата меѓу поранешните сопружници не стивнува, а сега во нивната дискусија се вклучи и сестрата на ријалити ѕвездата, Клои Кардашијан.
Клои застана во одбрана на својата сестра, барајќи го својот поранешен зет на Инстаграм повеќе да не им се заканува на Ким и нивното семејство и да ги остави на мира. Раперот го објави овој коментар на својот Инстаграм профил и одговори на нејзините обвинувања.
„Повторно со приказната за роденденот. Доста беше. Сите ја знаеме вистината и според мене на сите им е доста од тоа. Знаете точно каде се вашите деца во секое време, а и ти сакаше одвоени родендени. Ги имам видено сите текстови кои го докажуваат тоа. Кога се предомисли и сакаше да присуствуваш, доаѓаше“, напиша Клои.
Бидејќи Канје неодамна изјави дека Ким е таа што ги воспитува нивните деца, Клои се осврна и на тоа.
„Како што и самиот истакна, таа е таа која се грижи за вашите деца 80% од времето. Те молим остави ја неа и нашето семејство надвор од советите како треба да се воспитуваат децата“, додала Клои.
Покрај нејзиниот коментар кој го објави на Инстаграм, Канје ги нарече Кардашијан лажговци и ги обвини дека ја „киднапирале“ нивната ќерка и дека се вратил од Јапонија за да биде таму за роденденот на својата ќерка, но најпрво видел слики од деца на интернет. Потоа додаде дека му е ускратено правото да ги гледа децата.